Jувентус има нова мета, а тоа е младата ѕвезда на Валенсија, Феран Торес, пренесуваат италијанските медиуми.
Младиот Шпанец го привлече вниманието на многу големи клубови ширум Европа, а Јувентус сака да ја победи конкуренцијата и да го донесе во Торино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Торес има договор со Валенсија до 2021 година и во договорот има откупна клаузула од 100 милиони евра, но Јувентус сигурно ќе се обиде да ја намали цената бидејќи играчот на лето влегува во последната година од договорот.
Јувентус е во потрага по нов напаѓач бидејќи на лето најверојатно ќе се раздели со Игуаин, па „бјанконерите“ веруваат дека Торес би бил долгорочно решение за нападот.
Сепак, „старата дама“ ќе има жестока конкуренција бидејќи за Торес заинтересирани се уште Реал Мадрид и Ливерпул.
Dalla Spagna: #Juve , parte la trattativa per #FerranTorres https://t.co/RPRXUtKUHH pic.twitter.com/LYAnkFm4zG
— calciomercato.com (@cmdotcom) June 30, 2020