Италијанските гиганти Интер и Јувентус покажуваат сериозен интерес за напаѓачот на Барселона и шпанската репрезентација, Феран Торес.
Феран Торес пред две години пристигна во Барселона како големо засилување од Сити за 55 милиони евра. Меѓутоа, со доаѓањето на Левандовски тој падна во втор план и добива мала минутажа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Барселона поради финансиската ситуација е спремна да го продаде, а италијанските гиганти внимателно ја следат ситуацијата.
Интер и Јувентус се во потрага по напаѓач за следното лето, а Феран Торес е на врвот на листата желби и веќе ја започнаа борбата за неговиот потпис.