Дома Фудбал Напаѓач на Барселона оди во Премиер лигата за 50 милиони евра?

Напаѓач на Барселона оди во Премиер лигата за 50 милиони евра?

Астон вила сака да го доведе Феран Торес (25), напаѓачот на Барселона. Англискиот клуб и минатата година се обидуваше да го преземе шпанскиот фудбалер, за кого се подготвени да понудат 50 милиони евра отштета, објавија британските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тренерот Унај Емери многу го цени Торес и во англискиот клуб сметаат дека понудата од 50 милиони евра може да ја убеди управата на каталонскиот клуб да го продаде шпанскиот репрезентативец. Минатото лето, понудата на англискиот клуб беше речиси половина помала, па Барса ја одби, истакнуваат британските медиуми повикувајќи се на шпански извори.

Иако често влегуваше како замена, Торес минатата сезона во Барселона постигна 19 голови и седум асистенции. Во каталонскиот клуб стигна во јануари 2022 година од Манчестер Сити во трансфер вреден 55 милиони евра, а договорот го врзува за Барселона уште две години.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси ѝ го „скрши филмот“ на Барселона, Флик ќе се „теши“ со засилување од Њукасл

И покрај тоа што летниот преоден рок сè уште не е официјално отворен, раководството на Бар…