Најголем проблем на Јувентус ова лето е аргентинскиот напаѓач кој упорно одбива да прифати дека во клубот повеќе не сметаат на него.
На Игуаин и неговиот менаџер му е порачано дека може да си бара нов клуб, тоа го откри спортскиот директор Фабио Партичи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа повратникот од позајмицата од Челзи е убеден дека може да ги разубеди сите па и тренерот Маурицио Сари со кој некогаш имаше одлична соработка во Наполи.
Аргентинецот поради тоа ја одби понудата од Рома која неколку недели наназад се поврзува со неговото име. Клубовите се договорија претхпдно, но 31 годишниот Аргентинец не сака да игра за друг клуб во Италија освен Јувентус.
Игуаин вработи и приватен тренер кој работи со него за на почетокот на припремите да се прикаже во најдобро светло. Таа ситуација како што пишува „Скај“ ги иритира луѓето во италијанскиот шампион бидејќи сакаат да се ослободат од неговата плата која изнесува осум милиони евра годишно.
Gonzalo Higuain is still refusing to join #ASRoma or consider any other Serie A offer, as he believes he can convince Maurizio Sarri at #Juventus https://t.co/GXd25ub8As #SerieA #CFC pic.twitter.com/VvYIbRloqo
— footballitalia (@footballitalia) July 8, 2019
Понуди освен онаа од Рома баш и нема и тоа не што кое ги загрижува во Јувентус.
Аргентинецот во 2016 година пристигна од Наполи за 90 милиони евра, а местото во Јувентус го изгуби кога минатото лето пристигна Кристиано Роналдо. Клубот прво го испрати на позајмица во Милан, таму помина половина сезона, а потоа Сари го доведе во Челзи. И во Челзи и во Милан Игуаин не покажа многу.