Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид, ќе биде еден од најпосакуваните фудбалери следното лето, а за него сериозен интерес покажуваат Интер и Јувентус.
Дејвид веќе неколку сезони игра на врвно ниво и сака да ја промени средината, а веќе влезе во последната година од договорот.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Напаѓачот најави дека нема да ја продолжи соработката и ја игра последната година во Лил, па следното лето ќе биде слободен агент.
Таквата ситуација сакаат да ја искористат италијанските гиганти и во јануари да постигнат преддоговор, а следното лето да го доведат бесплатно.
Јувентус и Интер веќе стапиле во контакт со неговиот агент и сакаат да ја победат конкуренцијата од Премиер лигата.