Дома Трансфер зона Јувентус и Интер го сакаат дефанзивецот на Арсенал

Јувентус и Интер го сакаат дефанзивецот на Арсенал

Италијанските гиганти Јувентус и Интер се заинтересирани за десниот бек на Арсенал, Хектор Белерин, пренесуваат медиумите на Апенините.

25-годишниот Шпанец скоро целата своја кариера ја помина во Арсенал, но веќе е уморен од недостатокот на амбиција на клубот и сака да ја промени средината за да се бори за трофеи.

Јувентус и Интер можат да му понудат редовно да се натпреварува во Лигата на шампиони, па веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Оваа сезона Белерин одигра само 16 меча за Арсенал, па „топџиите“ се спремни да го пуштат доколку пристигне примамлива понуда. Шпанецот има долг договор со лондонскиот клуб, а неговата цена се движи помеѓу 20 и 30 милиони евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан на чекор до големо засилување

Салцбург одигра одлична сезона и промовираше неколку млади таленти предводени од Ерлинг Ха…