Дома Топ вести Јувентус и Арсенал се „тепаат“ за ѕвездата на Лион

Јувентус и Арсенал се „тепаат“ за ѕвездата на Лион

Француските медиуми пренесуваат дека Јувентус и Арсенал водат голема битка за ѕвездата на Лион.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за 22-годишниот Хусем Оар, талентиран играч за врска со огромен потенцијал, кој го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Оар е поливалентен офанзивен фудбалер кој може да игра на повеќе позиции, а особено е ценет поради своите технички способности.

Оваа сезона блесна во дресот на Лион и одигра 37 меча во сите конкуренции, на кои постигна 9 гола и запиша 7 асистенции, а одлични настапи имаше и во Лигата на шампиони.

Двата клуба веќе подолго време работат на трансферот, а Лион за неговата слобода бара 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…