Дома Трансфер зона Јувентус го испраќа Никола Секулов на уште една позајмица, познат и клубот

Јувентус го испраќа Никола Секулов на уште една позајмица, познат и клубот

Младиот фудбалер од редовите на Јувентус со македонско потекло Никола Секулов следната сезона ќе ја помина како позајмен фудбалер во Сампдорија, пренесуваат италијанските медиуми.

Секулов кој има 22 години ќе бара поголема минутажа за докажување во Серија Б и тоа во тимот кој го води Андреа Пирло.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Претходно тој беше позајмен и во Кремонезе во првиот дел од минатата сезона, а во вториот дел од сезоната доби шанса и во првиот тим на Јувентус.

Медиумите во Италија пренесуваат дека интерес за Секулов имало и од Палермо и Фросиноне, но тој се одлучил за Сампдорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…