Дома Трансфер зона Јувентус бара нова „деветка“ – Икарди прво име на списокот

Јувентус бара нова „деветка“ – Икарди прво име на списокот

Италијанските медиуми пренесуваат дека главна мета на Јувентус ова лето ќе биде Мауро Икарди.

„Старата дама“ сака на лето да го продаде Игуаин, една година пред истекот на договорот и на негово место да го донесе Мауро Икарди.

Аргентинецот игра како позајмен играч во ПСЖ, но не сака да остане во Париз и сака да се врати во Италија, а Јувентус останува негов прв избор.

Икарди ќе се врати во Интер, има уште две години од договорот, но јасно е дека за него нема место на „Џузепе Меаца“.

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи верува дека ќе успее да го договори неговиот транфер и веќе имал неколку средби со неговата сопруга и агент, Ванда Нара.

„Старата дама“ е спремна за неговиот потпис да понуди 70 милиони евра, а Икарди ќе добие договор „тежок“ 8 милиони евра по сезона.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона драстично ја намали цената на Кутињо

Најскапото засилување во историјата на Барселона, Филипе Кутињо се покажа како големо пром…