Дома Трансфер зона Јаник Караско се враќа во Шпанија

Јаник Караско се враќа во Шпанија

Белгискиот репрезентативец Јаник Фереира Караско призна дека му недостасува играњето во Европа и најави дека наскоро би можела да заврши неговата авантура во Кина.

Караско играше за Монако и Атлетико Мадрид и би можел да се врати во Шпанија веќе во јануари.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека Бетис е сериозно заинтересиран за Караско и веќе започнал преговори. Клубот од Андалузија во летото го изненади фудбалскиот свет со трансферот на Фекир, а сега сака да донесе уште една голема ѕвезда.

Сепак, Бетис ќе треба да се избори со големата конкуренција бидејќи за Караско интерес покажуваат уште Арсенал и миланските клубови.

„Ми недостасува Европа, но јас имам договор во Кина. Во последните денови од преодниот рок клубот не дозволи да си заминам. Сепак, јас се надевам дека ќе можам да го направам тоа наскоро и нешто поконкретно ќе се реализира“, истакна Караско.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…