Дома Останати Тенис Ѓоковиќ утре го игра својот прв меч во Монте Карло: Еве и во кој термин – ќе се соочи со тенисер со кого играл еднаш и изгубил

Ѓоковиќ утре го игра својот прв меч во Монте Карло: Еве и во кој термин – ќе се соочи со тенисер со кого играл еднаш и изгубил

Новак Ѓоковиќ дозна кога ќе го игра првиот меч на Мастерсот во Монте Карло, а противник ќе му биде Алехандро Табило.

Програмата на Централниот терен започнува од 11 часот кога ќе се сретнат Даниел Алтмајер и Ришар Гаске, а по нив на ред доаѓаат Карлос Алкараз и Франциско Серундоло.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ѓоковиќ и Табило се трети на ред на Централниот терен, што значи дека нивниот меч нема да започне пред 14.30, а можно е да започне и дури околу 16 часот, ако претходните мечеви се продолжат.

Новак и Алехандро досега имаат играно само еднаш и тоа во Рим минатата година и интересно е дека убедливо славеше Табило во два сета.

Последниот меч од денот на Централниот терен се очекува да го играат Данил Медведев и Александре Милер.

Фото: ATP Tour
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ: Ме прашуваат кога ќе дојде мојот крај…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одржа воведна прес-конференција пред почетокот на Австралиј…