Дома Останати Тенис Ѓорческа спремна за нов голем предизвик – ја чека само визата за влез во В.Британија!

Ѓорческа спремна за нов голем предизвик – ја чека само визата за влез во В.Британија!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со рангот и резултатите оваа сезона е пред сериозен предизвик за настап на третиот Грен слем турнир годинава – Вимблдон. Но, се појавија административни пречки – Ѓорческа сè уште нема добиено британска виза.

Таа апликацијата за виза ја пополни пред 20-тина дена, а имаше и разговор за добивање на потребната виза. Но, одговор нема. Времето за почеток на турнирот се ближи (квалификациите стартуваат на 24.јуни), а и организаторот на турнирот најави дека ќе преземе чекори Ѓорческа и нејзиниот тренер Димитар Лабудовиќ да ја добијат потребната виза за влез во Велика Британија.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ова за Ѓорческа треба да биде втор настап на Вимблдон. Првиот беше во 2017 година кога исто поради визата дојде на еден ден пред мечот, со што немаше време за прилагодување на тревнатата подлога. Доколку Лина добие виза во следните два дена, во план е настап и на турнир од рангот W100 во Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…