Дома Македонски спорт Ѓорческа против Србинката Круниќ во квалификациите на Вимблдон

Ѓорческа против Србинката Круниќ во квалификациите на Вимблдон

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа во првото коло од квалификациите на Вимблдон за противничка ја доби Александра Круниќ од Србија.

Ова може да се оцени како тежок ждреб од причина што Круниќ во 2015 година играше и во 3. коло на главниот турнир. Круниќ има 24 години и се наоѓа на 99. место на ВТА листата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ѓорческа за која ова ќе биде прв настап на тревата на Вимблдон на новообјавената ранг листа на ВТА се наоѓа на 180 место.

Според програмата мечевите од 1.коло од квалификациите во женска конкуренција треба да почнат утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Рибакина е кралица на Мелбурн: Ја совлада Сабаленка по пресврт во третиот сет и го освои Австралија Опен

Руската тенисерка со казахстански пасош, Елена Рибакина, успеа да ја освои нејзината втора…