Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: Советите на Златан Ибрахимовиќ беа многу корисни

Ѓоковиќ: Советите на Златан Ибрахимовиќ беа многу корисни

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра на Вимблдон и покрај операцијата на коленото што ја имаше пред нешто повеќе од еден месец.

Новак имаше генерална проба пред почетокот на третиот Грен слем во сезоната против Русинот Данило Медведев, кого го победи во два сета, додека претходно беше поразен од Синер.

Ѓоковиќ откри дека за операцијата и повредата разговарал со Американецот Тејлор Фриц и со фудбалската легенда Златан Ибрахимовиќ.

„Го прашав Тејлор Фриц, но и многу други. Вавринка, Линдзи Вон, Златан Ибрахимовиќ, сите беа доволно љубезни да ги споделат своите искуства со mene и да ми дадат контакти со луѓе кои ќе ми помогнат“.

Српскиот тенисер учеството на Вимблдон ќе го започне со меч против Чехот Вито Коприва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Позната тенисерка ги зголеми градите, па отвори профил на сајт за возрасни (Фото)

Француската тенисерка Осеан Додин неодамна привлече големо внимание од јавноста откако отв…