Дома Останати Тенис Ѓоковиќ се пласира во четвртфинале и стана тенисер со најмногу победи на Гренд слем турнирите

Ѓоковиќ се пласира во четвртфинале и стана тенисер со најмногу победи на Гренд слем турнирите

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со синоќешната победа против Аргентинецот Франциско Серундоло стана тенисер со најмногу победи на Гренд слем турнирите.

Со оваа победа во осминафиналето во Париз, најдобриот светски тенисер ја постигна рекордната 370-та победа на Гренд слем турнирите.

Така зад себе го остави Роџер Федерер кој има 369 победи, Рафаел Надал е трет на вечната листа со 314, Џими Конорс е на четвртото место со 233, додека Андре Агаси е петти со 224 победи на четирите најголеми тениски турнири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Нов ранен крај за Кецмановиќ: Дакворт го сопре уште на стартот во Алмати

Миомир Кецмановиќ продолжува со слабата серија, откако беше елиминиран уште во првото коло…