Дома Останати Тенис Ѓоковиќ откри како се хранел пред епското финале со Федерер на Вимблдон

Ѓоковиќ откри како се хранел пред епското финале со Федерер на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ гостуваше кај новинарот Небојшта Вишковиќ каде што зборуваше за многу теми, а една од нив беше и неговата исхрана.

Ѓоковиќ доби прашање дали му пречи тоа што луѓето разговараат за неговата исхрана и како реагираат на коментарите дека треба да јаде месо.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Србинот кажа дека не му пречи тоа, додека постои почит во дебатата, а отворен е да го слушне секого за некаков совет.

Ѓоковиќ го прашаа и да ја открие мистеријата дали не јадел ништо пред финалето на Вимблдон во 2019 против Федерер, кое траеше пет часа.

„Не. Тоа е една интересна работа за автофагијата, тоа е како изгладување. Кога ќе кажеш такво нешто, луѓето мислат дека ти воопшто не јадеш, но тоа не е така. Ти јадеш, но во одредена количина, а кога не јадеш, енергија земаш преку течности. Јас пред натпреварите не јадам многу“, одговори Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ќе добие 13,5 милиони евра од Нетфликс за снимање документарец!?

Новак Ѓоковиќ би можел да биде следната ѕвезда на Нетфликс. Информацијата дека оваа ТВ пла…