Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пред неколку дена најави дека ќе го прескокне турнирот во Мајами, откако загуби од Лука Нарди во третото коло на Индијан Велс.
Ова значи дека следниот меч на Новак на тениските терени ќе биде во април во Монте Карло, како подготовка за „Ролан Гарос“ и Олимписките игри.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Здраво Мајами! За жал, оваа година нема да играм на Мајами опен. Во овој дел од кариерата морам да го балансирам приватниот и професионалниот живот. Жал ми е што нема да играм пред едни од најдобрите и најстрасните фанови на планетата. Со нетрпение очекувам да се натпреварувам во Мајами во иднина“ порача Ѓоковиќ.