Новак Ѓоковиќ одлучи да го отпушти целиот стручен тим. Како што соопшти, Србинот е во потрага по загубениот шампионски менталитет, па затоа се одлучи за ваква промена.
Тој се разделува од тренерот Маријан Вајда, кондициониот тренер Гебард Фил Грич и од физиотерапевтот Милјан Амановиќ, а одлуката ја донесол после Мастерсот во Монте Карло.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Ѓоковиќ преку соопштение им се заблагодари на повеќегодишната соработка и истакна дека му е неопходна промена.
„Бескрајно благодарам до Марјан, Џиџи и Милјан за децениите пријателство, пожртвуваност, професионализам и посветеноста за моите цели во кариерата. Без нивната поддршка немаше да ги остварам сите овие резултати во тенисот. Свесен сум дека оние живееја за мене и дека беа подредени за остварување на моите успеси и моите сништа. Тие беа мојата сила и секогаш ми даваа ветер во грб. Ова не беше лесна одлука, али заедно почувствувавме дека е време за промена. Многу сум благодарен и горд на односот и нераскинливата врска која ја градевме со години, истата поткрепена со љубов, почит и разбирање. Тие се моето семејство и тоа никогаш нема да се промени“, стои меѓу другото во соопштението.