Дома Фудбал Ѓока: Горд сум на тимот, во некои моменти бевме подобри

Ѓока: Горд сум на тимот, во некои моменти бевме подобри

Екипата на Шкендија синоќа беше поразена од премиерлигашот Тотенхем со 3:1 во рамките на третото квалификациско коло на Лига Европа.

Тренерот на тимот од Тетово беше задоволен од играта на своите играчи и не го криеше задоволството после натпреварот. Тој тврди дека во еден дел од натпреварот неговиот тим бил подобар од противникот.

„Имавме еден добар натпревар, и покрај елиминацијата задоволен сум од моите фудбалери и горд сум на нив. Не е лесно да се игра против екипа како Тотенхем. Дури и на моменти бевме подобар противник на теренот. Добро се движевме, имавме и неколку шанси за реализација.“ – изјави Ѓока после натпреварот.

Македонскиот претставник го заврши европското лето со две победи и еден пораз, претходно триумфираше во Азербеџајн и Романија против Сумгајит (0:2) и Ботошани (0:1).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видал направи глупост поради која и Интер му го врти грбот

Фудбалерите на Интер синоќа се поразени на свој терен од Реал Мадрид (0:2) и со тоа скоро …