Дома Фудбал Фабрегас одбил да ја преземе италијанската репрезентација – познато е зошто!

Фабрегас одбил да ја преземе италијанската репрезентација – познато е зошто!

Италијанската фудбалска репрезентација бара нов селектор откако Џенаро Гатузо ја напушти клупата по неуспехот во квалификациите за Светското првенство и поразот од Босна и Херцеговина. Како еден од кандидатите за негов наследник беше спомнуван и Сеск Фабрегас, кој постигнува одлични резултати со Комо, но тој ја одби таа можност, пишуваат италијанските медиуми.

„Да бидам селектор на Италија? Можеби еден ден, но засега премногу сум тренер во смисла дека морам секојдневно да бидам на теренот со играчите, со младите, да ги подготвувам натпреварите. Работата во репрезентација би ми била моментално малку досадна”, изјави Фабрегас.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, не ја исклучи целосно можноста еден ден да се проба во селекторската улога. “Во иднина, кога ќе бидам малку постар, кој знае…”, заклучи тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На масата на Хулијан Алварез е официјалната понуда, од великан да, но не од Барселона!

Иако за многумина Барселона беше фаворит и во првиот натпревар кој се одигра на Камп Ноу, …