Дома Фудбал Зидан одбил „луда“ понуда

Зидан одбил „луда“ понуда

Легендарниот фудбалер и тренер на Реал Мадрид Зинедин Зидан доби понуда да стане селектор – на Таџикистан!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што наведуваат тамошните медиуми, освојувачот на три Лиги на шампиони со Реал како тренер ја одби таа можност.

Храбриот план на челниците на тамошниот сојуз беше Зидан да ја води оваа селекција на Азискиот куп, до кој ги доведе српскиот тренер Горан Стевановиќ.

Сепак, сосема неочекувано, поранешниот тренер на Партизан го напушти местото селектор на оваа репрезентација и говореше за причините.

Според повеќе извори, Зидан треба по Светското првенство да стане селектор, но на репрезентацијата на Франција, каде би го наследил Дидие Дешан, со кого некогаш го освојуваше Светското и Европското првенство додека беа играчи. Така би се активирал по пет години без ангажман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер договара три големи засилувања и сите ќе бидат на подготовките!

Фудбалерите на Интер на 16 јули ќе патуваат во Германија на подготвителниот период пред но…