
Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Хари Кејн, се подготвува за враќањето во Англија, при што неговата вила во изградба, вредна 23 милиони евра, се наоѓа во лондонскиот регион Сари.
Кејн, кој постигнува успеси во Баерн и ги руши рекордите на постигнати голови, го напушти Лондон пред речиси три години, но се надева да се врати и таму да го помине остатокот од животот, откако ќе освои сѐ што е можно со минхенскиот Бајерн.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Најдобриот стрелец во историјата на Англија и Тотенхем моментално ја гради својата вила инспирирана од Бакингемската палата. Оваа луксузна недвижнина е сместена во една од најелитните лондонски области, во близина на тренинг-центарот на Челзи.

Напаѓачот посвети две години на уредувањето на овој имот..
Жителите во близина изјавиле за “The Sun” дека забележале зачудувачка сличност помеѓу новиот дом на еден од најдобрите напаѓачи во последно време и официјалната резиденција на британскиот монарх, а еден сосед во богатиот дел од градот приметил: „Предниот дел изгледа како Бакингемска палата“.
Кејн првично го купи земјиштето и постојната недвижнина за околу девет милиони евра во 2023 година, но се определи за целосна реконструкција наместо едноставно обнова.
Фудбалерот на Бајерн Минхен, Хари Кејн, моментално е сопственик на неколку луксузни имоти.
— David (@DawidBundesliga) април 13, 2026
Сега гради нова обемна резиденција вредна 20 милиони фунти, која се наоѓа во близина на тренинг-центарот на Челзи ФК.
Резиденцијата е инспирирана од Бакингемската палата и е опремена со низа луксузни… pic.twitter.com/DWwwGA1cRA
Поранешната ѕвезда на Тотенхем ја сруши оригиналната структура и ја замени со ремек-дело во нео-георгијански стил, проект на кој градежниот тим наводно му посветил околу две години и сега е во финалната фаза.
Вредноста на вилата достига неверојатни 23 милиони евра. Кејн планира да живее таму со своето семејство, својата љубов од детството Кејти Гудланд, со која има четири деца, ќерките Ајви и Вивиен, и синовите Луис и Хенри.