Дома Останати Ракомет ЕХФ ги суспендираше Начевски и Николов две години!

ЕХФ ги суспендираше Начевски и Николов две години!

Европска ракометна федерација донесе дисциплинска одлука со која македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се суспендирани на период од две години.

Одлуката следува откако на 10 јануари ЕХФ ја повлече нивната номинација за настап на Европското првенство, поради сомнежи дека судиската двојка манипулирала со резултатите од фитнес-тестирањето. По дополнителна анализа, случајот бил разгледан од надлежните тела.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Врз основа на анализата на партнерот за интегритет на Европската ракометна федерација, ‘Спортрадар’, Судот за ракомет при ЕХФ заклучи дека видеата за кои станува збор биле лажирани и затоа ги изрече следните санкции:

Двајцата судии се суспендирани од извршување на било каква функција во рамките на ЕХФ и од учество во било какви активности на ЕХФ во период од две години, сметано од датумот на првостепената одлука, поради сериозно неспортско однесување.

Секој од судиите е задолжен да плати парична казна од 5.000 евра поради суштински прекршувања на Кодексот на однесување на ЕХФ.

Жалба може да биде поднесена до Апелациониот суд на EHF во рок од седум дена“, соопштија од ЕХФ.

Покрај суспензијата, двајцата арбитри ќе треба да платат и финансиска казна, а имаат можност да ја обжалат одлуката во предвидениот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонските кадети ја декласираа Грција

Македонската ракометна кадетска репрезентација запиша убедлив триумф над Грција, совладува…