Дома Фудбал Големи главоболки за Артета пред Спортинг и Сити

Големи главоболки за Артета пред Спортинг и Сити

Фудбалерите на Арсенал оваа недела ги очекуваат две многу важни натпревари, а Микел Артета сè уште се соочува со кадровски проблеми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според последните информации, на денешната тренинг сесија повторно отсуствуваа – Букајо Сака, Мартин Одегард, Рикардо Калафјори и Јуриен Тимбер, а исто така и – Деклан Рајс.

Засега не е познато дали станува збор за полесна повреда или некоја непријатност поради која Микел Артета го поштеди својот клучен играч во средниот ред.

Арсенал во среда во 21.00 часот ќе го пречека Спортинг, но бидејќи има предност од првиот натпревар со 1:0, многу е веројатно дека Артета ќе ги одмори некои од важните играчи, како Рајс, за големото дерби во недела против Манчестер Сити.

Арсенал викендот загуби од Борнмут, па Сити со победата над Челси намали на шест бодови разлика, со еден натпревар помалку, така што неделниот натпревар на “Етихад” практично е финале на Премиер лигата.

Останува да видиме со кој состав ќе настапи Артета во среда против Спортинг и кој ќе биде целосно одморен и свеж за недела од 17.30 часот во Манчестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси доби зелено светло од новиот тренер

Челси влегува во сосема нова ера откако е донесена конечната одлука за промена на тренерск…