
Сите во Реал Мадрид се свесни дека можат да ја спасат сезоната само ако го надоместат заостанувањето од Баерн Минхен и продолжат напред во Лигата на шампионите. Тоа го изјави играчот за врска на “белите” Џуд Белингам пред утрешниот реванш на “Алијанц Арена”.
“Свесни сме за нашата ситуација и подготвени сме. Сконцентрирани сме. Утрешниот натпревар е финалето за нас. На крајот на краиштата, сезоната зависи од тоа. Ќе се обидеме да го дадеме најдоброто од себе.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Секој пораз во Лигата на шампионите е катастрофа, имајќи ја предвид нашата сегашна ситуација. Влогот е голем, се или ништо. Нема да се криеме, нема да имаме други можности. Мора да играме и да победиме.
Се чувствувам добро, иако оваа сезона беше разочарувачка, бидејќи немав среќа и пропуштив многу натпревари поради повреди.
Оваа сезона мојата позиција е променета. Претходно играв понапред во тој дијамант во средниот ред. Потоа играв повеќе одлево. Со Арбелоа играм малку подлабоко. Можам да играм на неколку позиции. Морам да се адаптирам. Сакам да постигнувам повеќе голови, но исто така треба да се браниш. Треба да најдеш баланс. Морам да му помогнам на тимот и да го правам тоа што го бара тренерот.
Во Ла Лига изгубивме премногу поени, особено дома. Не можеш да освоиш титула, губејќи толку многу поени против Барселона. Како и при нашите гостувања. Едноставно не е можно. Не мислам дека битката е завршена. Заостануваме, но мора да се фокусираме на утрешниот дуел”, изјави Белингам.