Дома Фудбал Германија Што се случува во Баерн после дебаклот од 5:1? Откажан денешниот тренинг

Што се случува во Баерн после дебаклот од 5:1? Откажан денешниот тренинг

Што се случува со Баерн?

Баерн вчера за прв пат после една деценија изгуби со резултат 5:1. Последен пат таков дебакл доживеаа против Волфсбург во 2009 година.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сега Нико Ковач е под притисок, откажан беше и денешниот отворен тренинг. Тоа само дополнително ги зголеми шпекулации за криза во клубот и можен отказ на Хрватот.

„Што сакате да знете, добивме црвен картон и изгубивме“, луто порача Ковач после дебаклот.

Се пишува за негов наследник, а Бастијан Швајнштајгер откри интересна работи за Жозе Мурињо.

„Секогаш ме прашуваше за Баерн и Бундес лигата. Кога ги гледавме натпреварите од германското првенство бев изненаден од тоа што ги знае сите играчи, дури и од оние од помалите клубови. Јас лично би можел да го замислам како тренер на Баерн, учи и германски“, изјави легендарниот фудбалер на Баерн Минхен.

Сепак, Мурињо во овој момент на во овој момент е најблиску до Арсенал, барем според она што се пишува на Островот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Невеш и Кансело 12 часа по натпреварот во САД се појавија на погребот на Жота

Рубен Невеш и Жоао Кансело пристигнаа во Португалија за да присуствуваат на погребот на Ди…