Дома Фудбал Останато Што ли им паѓа на памет во УЕФА? Сакаат Лигата на шампионите да се игра по географски зони!

Што ли им паѓа на памет во УЕФА? Сакаат Лигата на шампионите да се игра по географски зони!

0

Европската фудбалска федерација (УЕФА) едноставно не сака да се откаже од промените во натпреварувањата кои ги организира.

Откако имаа план во една лига да ги соберат најдобрите и најбогатите европски клубови, а поголемиот дел земји го одбија тоа барање сега се спремни на нови иновации.

Oд 2024 година Лигата на шампионите и Лигата на Европа би можеле да бидат поделени во географски зони, како што е случај во американската МЛС лига.

МЛС лигата, но и сите американски спортови имаат своја Источна и Западна конференција, а токму по тој принцип и УЕФА сака да организира свое натпреварување.

„Кориере дела Сара“ од извори блиску на УЕФА дознава дека од 2024 година Лигата на шампионите ќе биде поделена на – Север, Југ, Исток и Запад. Тимовите од истите зони ќе играат групна фаза, а потоа најдобрите би поминувале во нокаут фазата.

УЕФА не се откажува од барањата европските натпревари да се играат за викендот. Тоа секако би донело пореметување во националните натпреварување и скоро ниту една земја не сака такво нешто да се случи.

Англичаните, Германците и Французите веќе најави дека цврсто стојат зад своите лиги и дека немаат намера да ги уништуваат своите првенства поради УЕФА.

Се очекува наскоро да им се придружат многу други лиги. УЕФА од друга страна ќе се обиде да ја истурка својата идеја поради заработката, а таа би била поголема ако натпреварите се играат во викендите кога поголемиот број навивачи се пред ТВ екраните.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Не се бориме за опстанок, ниту за Европа, туку за Синиша Михајловиќ“

Играчите на Болоња повторно се спремни да се борат за Синиша Михајловиќ. Болоња оваа сезон…