Голманот на РК Вардар, Арпад Штербик нема во план да се пензионира откако стана шампион на Европа со Вардар денеска, напротив, тој изјави дека и следната сезона ќе се врати во Келн.
Споменатиот шпански голман е најзаслужниот за освоениот голем трофеј на Вардар, односно за победата над Барселона во полуфиналето и победата над ПСЖ во финалето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арпад Штербик го доби признанието за МВП на Ф4, а покрај тоа што има 37 години, тој вели дека не размислува за пензија и дека следната година ќе се врати во Келн.
„Многу сум среќен. Едно е да дојдете на фајнл-фор како фаворит, а сосема друго е со тим како Вардар, кој е аутсајдер и дебитант во Келн. Секогаш велев дека е потешко да се стигне на Ф4 отколку да се стане шампион. Три години се бориме за влез на фајнл-форот”, изјави голманот.
„Им честитам на моите соиграчи, одигравме како што треба и сите го дадовме максимумот. Мислам дека нашата најсилна страна е колективот и секако тренерот Раул Гонзалес. Многумина велат дека кариерата треба да се заврши кога сте на врвот, но јас сакам повторно да се вратам во Келн”, додаде Шпанецот.