Дома Фудбал Италија Шпанците тврдат дека имаат ексклузива: Нејмар им се доверил на пријателите!?

Шпанците тврдат дека имаат ексклузива: Нејмар им се доверил на пријателите!?

neymar

Според информациите на „Ел Чирингито“, Нејмар им се доверил на неговите роднини дека ќе го напушти Пари Сен Жермен.

Новинарот, Хозе Педрелои ја шокираше јавноста со информацијата дека Нејмар им се доверил на пријателите, но и некои членови на семејството дека го менува клубот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тој не само што најави враќање во Барселона, туку и тврди дека работата е завршена.

Според неговите информации Нејмар не сака да преговара со Реал и тоа го соопштил на неговиот татко и сега верува дека Барса би го примила назад.

Барселона би требало да плати 220 милиони евра колку што и добија за Нејмар, но сигурно дека Бразилецот би морал да прифати намалување на платата.

Како и да е сето ова треба да се земе со резерва, но не треба да се заборави дека оваа телевизија прва објави за потврдата на трансферот на Роналдо во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…