Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста доби огромна понуда Кина, а одлуката дали ќе остане или ќе ја напушти Барселона мора наскоро да ја донесе. Самиот Иниеста потврди дека мора да одлучи до крајот на април. „До 30 април морам да одлучуам дали ќе останам во Барселона или ќе заминам во Кина. Морам добро да размислам што е најдобро за мене …