Дома Фудбал Повторно се одложува дебито на Куртоа!

Повторно се одложува дебито на Куртоа!

Реал Мадрид вечерва ја започнува новата сезона во Примера со натпреварот против Гетафе.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Едно од најголемите прашања е кој ќе го брани голот на „кралевите“ во првиот меч од сезоната. Според „Марка“ на голот повторно ќе биде Кејлор Навас, кој бранеше на мечот од Суперкупот на Европа против Атлетико Мадрид.

Тренерот на „кралевите“ Јулен Лопетеги не брза да го стави како стартер новиот голман Тибо Куртоа. Белгиецот се придружи на групата пред 10 дена и одработи само неколку тренинзи.

За разлика од него Навас ги започна подготовките со тимот од првиот ден, односно 30-ти јули и играше на сите пријателски натпревари во предсезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ја прекинува потрагата по нов играч за врска

Управата на Реал Мадрид одлучила да ја прекине потрагата по нов играч од средниот ред, отк…