Дома Фудбал Останато Барселона цврсто го посакува Рабиот, ПСЖ прифаќа исклучивот ако има размена?!

Барселона цврсто го посакува Рабиот, ПСЖ прифаќа исклучивот ако има размена?!

Летниот преоден рок, во поголемите европски лиги се уште не е завршен, а во центарот на вниманието сега се наоѓаат шпанските и француските клубови.

Клубовите од Шпанија и Франција се уште можат да доведуваат нови засилувања, додека во Англија и Италија повеќе тоа не е случај. Шпанските медиуми наведуваат дека Барселона сака со сите сили да го донесе до крајот на месецот Адриен Рабиот од ПСЖ, откако овој играч за врска одби да го продолжи договорот со Парижаните.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


ПСЖ се обиде да го наговори Рабиот на нов договор, но тоа тој го одби и така ги засили шпекулациите дека кариерата ќе ја продолжи во Барселона. Каталонскиот клуб веќе е во контакт со Парижените, и јасно им дадоа до знаење дека би сакале да го донесат Рабиот до крајот на преодниот рок.

Сепак, Барселона не доби одговор каков што очекуваше, бидејќи ПСЖ возврати. Од францускиот клуб порачаа дека Рабиот може да го напушти „Паркот на принцовите“, но само во случај Барселона во спротивен правец да го испрати Осман Дембеле. Тешко е да се очекува дека Барселона ќе го прифати тоа, особено што Дембеле се очекува дури сега да покаже што може.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачите слават, на повидок важен потпис во Милан

Милан постигна договор со голманот Мајк Мењан за продолжување на соработката, пренесуваат …