Капитенот на Барселона, Лео Меси на фантастичен начин ја отвори новата сезона, со два постигнати гола во победата над Алавес.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Аргентинецот постигна два гола во победата од 3:0, но неговата статистика на мечот беше фантастична.
„Волшебникот“ од Росарио не погреши ниту еднаш во обидот за дриблинг и мечот го заврши со 100% успешност во таа категорија. Притоа, тој создаде 5 чисти шанси за соиграчите, направи 4 удари во рамките на голот, два пати ја погоди стативата, постигна 2 гола и доби три слободни удари над него.