Дома Останати Кошарка Шпанија е светски шампион во кошарка!

Шпанија е светски шампион во кошарка!

0

Репрезентацијата на Шпанија по втор пат во историјата ја освојува титулата светски шампион.

„Црвената Фурија“ во финалето на Мундобаскетот денес во Пекинг ја победи Аргентина со 95:75 и на тој начин стигна до светскиот трон.

За жал на нетуралните фанови натпреварот од самиот почеток одеше во еден правец и скоро во ниту еден момент немаше резултатска неизвесност. Шпанците уште во првите минути отидоа на +12. Во вториот период таа предност стигна и до 17 разлика, а Аргентинците повремно само се доближуваа, но не успеваа целосно да се вратат во натпреварот.

На почетокот на второто полувреме Шпанија направи разлика од 20 поени и беше јасно дека Аргентина нема да може да се врати. Аргентина не беше на нивото на кое го играше целиот турнир, додека Шпанците погодуваа скоро се.

Ова за „Црвената Фурија“ е втора титула светски шампион, а имаат и три европски. Од друга страна Аргентина останува на едно злато од Светското првенство во далечната 1950 година.

Шпанците до победата ги предводеше одличниот Рики Рубио кој постигна 20 поени, Серхио Љул додаде 15, а Марк Гасол 14. Кај Аргентина најдобар беше Габриел Дек со 24 поени.

Рики Рубио беше прогласен и за играч на натпреварот во денешното финале.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Детална статистика за 700-те гола на Роналдо (ФОТО)

Кристиано Роналдо против Украина го постигна 700-тиот гол во неговата кариера. Ова секако …