Дома Останати Кошарка НБА Шоу на Леброн против Пеликанс, Милвоки го доби дербито со Торонто (ВИДЕО)

Шоу на Леброн против Пеликанс, Милвоки го доби дербито со Торонто (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерси победија во „Стејплс Центарот“ против Њу Орлеанс со резултат 118:109.

Во добар натпревар Лејкерси водеа во поголемиот дел од натпреварот. Меѓутоа Пеликанси успеваа да се заканат, но на крајот Леброн го одлучи победникот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Кралот“ ги разби Пеликанс и натпреварот го заврши со 40 поени, 8 скокови и 6 асистенции. Од друга страна Брендон Инграм имаше 34 поени, додекап рвиот пик на НБА драфтот Зион Вилијамсон уфрли 29 поени.

Милвоки Бакси продолжуваат да победуваат. Во дербито на источната конференција најдобриот тим во лигата победи на гостувањето кај актуелните шампиони Торонто Рапторс со резултат 108:97.

Повторно одличен беше Јанис Антетокумпо кој имаше учинок од 18 поени и 17 скокови. Миделтон беше најефикасен во победничкиот тим со 22 поени, а исто толку кај Рапторси запиша и Паскал Сиакам.

Денвер победи дома против Детроит со 115:98. Најефикасен кај Денвер беше Грант, додека Роуз на спротивната страна уфрли 20 поени. Никола Јокиќ одигра добар натпревар со 16 поени, 5 скокови и 4 асистенции.

НБА резултати:

Индијана – Шарлот 119:80

Торонто – Милвоки 97:108

Чикаго – Оклахома 122:124

Денвер – Детроит 115:98

Лејкерси – Њу Орлеанс 118:109

Портланд – Бостон 106:118

Голден Стејт – Сакраменто 94:112

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…