УЕФА денес ја соопшти казната за сегашниот фудбалер на Милан, Хрватот Анте Ребиќ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ребиќ минатата сезона заработи исклучување во натпреварот помеѓу Ајнтрахт и Стразбур, а дури сега од европската куќа на фудбалот ја соопштија казната.
Казната е навистина висока, Ребиќ е суспендира на пет европски натпревари. Ова значи дека Милан ако се квалификува наредната сезона во Лигата на Европа или Лигата на шампионите Ребиќ ќе ја пропушти скоро цела групна фаза.
Ребиќ во Милан пристигна во финишот од преодниот рок од Ајнтрахт на позајмица од две години.