Дома Останати Авто Мото Шок! Нико Розберг се повлече од Формула 1

Шок! Нико Розберг се повлече од Формула 1

Новиот шампион во Формула 1, Нико Розберг денес ги шокираше своите фанови, но и сите љубители на најбрзиот спорт и најави крај на кариерата!

31-годишниот Германец стана шампион во неделата во Абу Даби, завршувајќи ја последната трка од сезоната зад колегата Луис Хамилтон.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


Возачот на Мерцедес оваа шокантна одлука ја обелодени на прес конференција во ФИА и потврди дека ја напушта Формула 1.

„Се искачив на планината, сега сум на врвот, така што чувствувам дека ова е вистинската одлука“, напиша Розберг на Фејсбук.

„Сега сакам да уживам во моментот и да го почувствувам во следниот период, да се навраќам на сезоната што измина и да уживам во секое искуство на кое ќа наидам на мојот пат понатаму. Ќе свртам нова страница во животот и ќе видам што ме чека понатаму“, додаде шампионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Ѓоковиќ тренира на трева – ќе игра на Вимблдон!?

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра на Олимписките игри во Париз, но се надева дека ќе …