Дома Луд Спорт Шок на мразот: Хокеарската легенда Боумистер доживеа срцев удар на терен (видео)

Шок на мразот: Хокеарската легенда Боумистер доживеа срцев удар на терен (видео)

Малку фалеше хокеарски дуел помеѓу Сент Луис Блуз и Анахем Дакс во рамки на американската хокеарска лига (НХЛ) да има трагичен крај откако искусниот хокеар на Сент Луис, Џеј Боумистер, кој доживеал срцев удар на теренот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


36-годишниот хокеар се паднал од клупата за резерви по само пет минути минати во игра. Џеј паднал и останал да лежи крај клупата за резерви.

Неговите соичрачи веднаш реагирале и побарале помош. Лекарите на двата тима реагирале и почнале со реанимација, додека хокеарите на двата тима започнаа да се молат за животот на Боумистер.

Натпреварот бил прекинат се додека му се укажувала помош на хокеарот. Потоа Џеј во возило на итната помош бил пренесен во болница, сега 36 годишниот Боумистер се рехабилитира од срцевиот удар и се наоѓа надвор од животна опасност.

Хокеарот на Сент Луис инаку е ветеран на НХЛ, Џеј има долга кариера во најсилната светска лига и настапувал и за екипите на Флорида, Калгари, веќе осум години е во Сент Луис.

Со репрезентацијата на Канада, Боумистер има две титули светски шампион и едно злато од Олимписките игри во Сочи во 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…