Фудбалерите на Лил се пласираа во плеј-оф рундата од Лигата на шампионите, откако го совладаа Фенербахче во два натпревари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Францускиот тим добро се бранеше до судиското надополнување, кога Бафоде Диаките ја затресе сопствената мрежа, за натпреварот да оди во продолжение. Кога Аиса Манди заработи црвен картон во 109. минута поради остар фаул над Ирфан Кахвеџи, се чинеше дека Фенер ќе слави. Сепак, гостите добија пенал во 116. минута со играч помалку.
Александар Дијку играше со рака, а шпанскиот судија Хозе Марија Санчез Мартинез покажа на белата точка по ВАР-асистенција.
Џонатан Дејвид беше сигурен за 1:1 и пласманот на Лил.