Дома Фудбал Англија Ширер се огласи откако Халанд го сруши неговиот рекорд: Потребни беа само 28 години…

Ширер се огласи откако Халанд го сруши неговиот рекорд: Потребни беа само 28 години…

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд постави рекорд во Премиер лигата со голот во победата на Манчестер Сити над Вест Хем и така дојде до бројката од 35 голови со што го надмина рекордот кој го држеа Алан Ширер и Енди Кол.

Воодушевен од учинокот на Халанд е и легендарниот англиски репрезентативец чиј рекорд беше соборен.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


„Овој рекорд не можеше да ги постави подобро момче. Беше потребно само 28 години. Тој е најдобар“, објави Ширер по 35-те голови на Халанд.

„35 голови во Премиер лигата? Тоа е лудило! Моите мисли се со Алан Ширер во овој тежок момент“, прокоментира уште една англиска легенда, Гери Линекер.

Енди Кол 34 голови постигна играјќи за Њукасл во сезоната 1993/1994, а Ширер своите 34 ги постигна една сезона претходно како напаѓач на Блекбурн Роверс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Oдложен натпревар во Ла Лига

Натпреварот од 26. коло во шпанската Примера помеѓу Гранада и Валенсија кој требаше да се …