Дома Македонски спорт Швеѓаните бесни на Начевски и Николов: Бараат преигрување на натпреварот со Франција!

Швеѓаните бесни на Начевски и Николов: Бараат преигрување на натпреварот со Франција!

Во репрезентацијата на Шведска воопшто не се задоволни од арбитражата на македонските судии во вчерашното полуфинале на Европското првенство.

Скандинавците истакнуваат две сомнителни одлуки на Николов и Начевски кои влијаеле директно на конечниот исход.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Еден од моментите е кога Франција на 15 секунди до крајот доаѓа до гол заостанување, а Шведска бара тајм-аут и не успева да ја заддржи топката до крај. Потоа го оспоруваат голот на Пранди по истекот на времето преку живиот ѕид.

Швеѓаните пишуваат дека Пранди ја мрднал левата нога и поради тоа се сигурни дека голот не требало да биде признат.

Во текот на денешниот ден ЕХФ треба да се огласи, но тешко е да се верува дека ќе им го исполни нивното барање за преигрување или повторување на последниот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Фудбалерите биле изненадени: Аморим им се заканил дека ќе ги испрати во Бугарија!

Португалецот, Рубен Аморим започна со работа во Манчестер јунајтед, а на Островот пренесув…