Џердан Шаќири, поранешен швајцарски репрезентативец и фудбалер на Базел, се посрамоти со изведување слободен удар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Базел имаше слободен удар од левата страна. Шаќири не нафрли во шеснаесетникот, туку ја испрати топката во гол-аут.
Очигледно дошло до недоразбирање, па на Шаќири поради овој потег сега му се смеат многу фудбалски фанови.
Базел беше поразен со 1:0 на ова гостување кај Луцерн.
За Шаќири ова е втор пат да игра во Базел, а ги има облечено и дресот на Баерн, Интер, Стоук Сити, Ливерпул, Лион и Чикаго.