Дома Македонски спорт Мак фудбал Шаќири дебитираше со победа во Битола, „пандевци“ само до бод во Велес

Шаќири дебитираше со победа во Битола, „пандевци“ само до бод во Велес

Денес на терените во ПМФЛ се играа натпревари од 26. коло.

Тетовска Шкендија на гости кај Пелистер ја оправда фаворитската улога и славеше победа со 0:2. Отпорот на последнопласираниот тим на табелата Шкендија го скрши во второто полувреме со головите на Маневски и Нафиу. Со оваа победа на клупата на Шкендија дебитираше Артим Шаќири кој беше назначен за в.д тренер до крајот на сезоната.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Академија Пандев одигра само 1:1 против Борец, па така и дозволи на Шкендија да дојде на втората позиција. Ангелов го постигна голот за пандевци во првото полувреме, додека во второто полувреме после еден час игра конечните 1:1 ги постави Ѓорѓевиќ. На табелата Шкендија има 51 бод, Академија Пандев 49, додека Шкупи е далеку на врвот со 62.

Во останатите три средби Тиквеш освои важни три бода против еден од ривалите во борбата за опстанок, Струга. До победата на домашен терен во Кавадарци Тиквеш дојде со головите на Каракамишев и Спахиу во првото полувреме. Струга е прва над опасната зона со 33 бода, Скопје кој денес освои бод против Шкупи има 26, а Тиквеш 24, Борец и Пелистер многумина веќе ги гледаат како второлигаши со 15 и 10 бода.

Работнички беше сигурен против Брегалница во Пелистер и оствари триумф од 0:3. Стрелци за дебармаалци беа Максимов кој постигна два гола и Илиевски.

Македонија Ѓорче Петров во 94. минута обезбеди триумф против Ренова во Тетово со. Ќе потсетиме во натпреварот кој се одигра порано денес Скопје и Шкупи ремизираа 0:0.

Фото: ФК Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Пол и Тајсон заработија суспензии по борбата!

Џејк Пол и Мајк Тајсон официјално беа суспендирани од боксот по нивната голема борба на Не…