Еурофарм Пелистер го победи Вардар во големото дерби во Битола со 26:23 и дојде на чекор од шампионската титула за која им се потребни победи во последните две кола.
Доминираше Пелистер во најголем дел од првото полувреме и по 25 минути имаа големи 13:8, а домаќините пропуштија и напад за плус шест. Тогаш Вардар се разбуди со тајм-аутот на Недановски и со серија од 5:0 се врати резултатски во игра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На пауза се замина со 13:12 за „пелистерци“, а со голот на Манасков веднаш на стартот на вториот дел Вардар успеа да изедначи.
Од тој момент се до последните 20-тина минути од мечот се играше гол за гол. Потоа Вардар влезе во нова криза, а голем удел во добрата игра на домашниот имаше Лесјак кој беше одличен на голот.
Вардар сепак имаше уште еден налет и предводен од Јагуриноски, Талески и Георгиевски се врати на 21:20 во 50-тата минута. До крајот одново Пелистер беше подобар и обезбеди победа од три гола разлика.
Костески и Хосни беа први стрелци кај победничкиот тим со по шест гола, Талески кај Вардар постигна исто така шест.