Дома Останати Кошарка НБА Шампионот во НБА пред елиминација!

Шампионот во НБА пред елиминација!

Шампионот во НБА лигата, Голден Стејт Вориорс е пред елиминација откако Лејкерс победија и во натпреварот изминатата вечер па сега имаат предност од 3:1.

Изминатата вечер Леброн и друштвото во трилер натпревар со неизвесна завршница славеа победа од 104:101. Леброн го заврши натпреварот со 27 поени, Ентони Дејвис додаде 23 додека на спротивната страна Стеф Кари постигна трипл дабл со 31 поен, 14 асистенции и 10 скока, но тоа не помогна многу на неговиот тим.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Идентична предност од 3:1 стекна и Мајами во полуфиналето на Истокот против Њујорк Никси. Во четвртиот натпревар Мајами славеше победа од 109:101. Џими Батлер со 27 поени беше првото име во победничкиот состав, додека кај поразените не помогнаа 32-та поени на Џејлен Брансон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Дончиќ се расплака, а неговата порака по мечот покажува дека е – господин (Видео)

Лука Дончиќ се расплака и сцената стана вирална низ целиот свет по емотивната вечер во Дал…