Лос Анџелес Лејкерси ги добија сите три рунди во плеј-офот со по 4:1 (Портланд, Хјустон, Денвер), Мајами во склад со својата додавка е навистина хит и иако не се очекуваше ги елиминираше Индијана, Милвоки и Бостон.
Тешко е да се прогнозира кој ќе биде шампион, но Дион Вајтерс сигурно ќе биде победник.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како и да заврши финалната серија на 28 годишниот кошаркар му следува шампионскиот прстен. Причина за тоа е што е сезоната тој ја започна во тимот од Флорида, а ќе ја заврши во Лејкерси. Со тоа тој го исполни условот на лигата да ја добие наградата и да биде заведен како еден од шампионите кој и да победи.
Искусниот бек четири години беше во Мајами, меѓутоа оваа сезона се реши за промена. Вајтерс си замина пред крајот на 2019 година после несогласувањата со управата и откако беше три пати суспендиран.
На почетокот на февруари беше трејдуван во Мемфис, но таму се задржа само еден месец и потпиша за Лејкерси. За тимот на Лејкерси собра само седум натпревари со просек од 11.9 поени по натпревар.