Дома Останати Кошарка НБА Чудесен Јокиќ, Денвер до победа после две продолженија! 🎥

Чудесен Јокиќ, Денвер до победа после две продолженија! 🎥

Кошаркарите на Денвер во фантастичен натпревар славеа против Мемфис ос 139:137.

Од самиот почеток гледавме одличен натпревар, а после првата четвртина гостите имаа предност од 35:27. Денвер не се предаваше така лесно, а на пауза се замина со резултат 60:56 за гостинскиот тим.

Мемфис беше подобар во третата четвртина после што овој тим имаше осум поени предност, но Денвер успеа некако да се врати во мечот и на крајот да обезбеди продолженија.

Двата тима жестоко се бореа за победата, па ниту после првото продолжение ништо не беше завршено. Во второто продолжение продолжи одличната борба на паркетот, а на крајот Денвер славеше со 139:137.

Неверојатен натпревар одигра Никола Јокиќ кој постигна 47 поении додаде уште 15 сокови и 8 асистенции. Јокиќ успеа со две слободни фрлања да го донесе првото продолжение за својот тим и беше херој во самиот финиш на второто кога погоди тројка за 137:134. На другата страна Морант уфрли 36 поени и додаде уште 12 асистенции и осум скокови.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Деториот – Кливленд 109:105, Бостон – Чикаго 96:102, Филаделфија – Голден Стејт 96:107, Индијана – Сан Антонио 94:109, Мајами – Хјустон 113:91, Милвоки – Феникс 127:128, Вашингтон – Оклахома 119:107, Денвер – Мемфис 139:137, Лејкерс – Јута 97:111.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Богаташ купи клуб за да може да игра неговиот син од 126 килограми📷

Фудбалските клубови за жал станаа „играчки“ на богатите луѓе. Па неверојатна приказна ни п…