Дома Фудбал Англија Чуден потег на премиерлигашот: Скратени плати за 550 вработени, но не и за фудбалерите

Чуден потег на премиерлигашот: Скратени плати за 550 вработени, но не и за фудбалерите

Тимот на Тотенхем се одлучи на еден прилично чуден потег. Додека скоро во сите поголеми клубови фудбалерите се на удар за намалување на плати со цел вработените во клубот кои зимаат пониски плати да продолжат нормално да добиваат плата, англиски Тотенхем го направи спротивното.

Имено, Тотенхем ги скрати платите за 20% на 550 вработени за април и мај, меѓутоа фудбалерите нема да бидат допрени.

„Донесовме навистина тешка одлука, но бевме приморани за да ги зачуваме работните места. Во наредните два месеци платите на персоналот ќе се намалат за 20% за парил и мај. Верувам дека наскоро ќе ја поминеме оваа криза, но ќе треба време за сите да се вратиме на нормалниот тек на животот“, изјави Леви.

Зошто Тотенхем се одлучи на нешто спротивно од останатите клубови засега не е познато.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Марсело покажа како изгледа неговото тело по изолацијата (ФОТО)

Mногу фудбалери ја искористија домашната изолација за да работат на нивната физичка форма.…