Дома Останати Кошарка НБА Чувај ја ако те гледа како Рондо Дончиќ (ВИДЕО)

Чувај ја ако те гледа како Рондо Дончиќ (ВИДЕО)

Далас Маверикс вчера славеа во Стејплс центарот против ЛА Лејкерси со 114:100.

Кошаркарите на Далас со одлична игра вовторото полувреме успеаа да дојдат до победата и да им го нанесат третиот пораз на Лејкерси оваа сезона. Најефикасен кај гостинскиот тим повторно беше Лука Дончиќ кој одигра уште еден одличен натпревар.

Дончиќ не блескаше во првото полувреме во кое постигна само шест поени, но во продолжение беше одличен. Словенецот го заврши натпреварот со 27 поени, десет асистенции и девет скокови.

Тој во центарот на вниманито се најде и поради видеото кое стана хит на социјалните мрежи. Камерите во еден момент го снимија Рајон Рондо како „заљубено“ го гледа Дончиќ кој во тој момент беше покрај клупата на Лејкерси.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Драмата во Хјустон ја реши Бјелица со тројка со звукот на сирената, одлична вечер за Пол Џорџ (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа девет натпревари. Сакраменто Кингс со тројката н…