Дома Фудбал Останато Чеферин: Во фудбалот повеќе ништо нема да биде исто

Чеферин: Во фудбалот повеќе ништо нема да биде исто

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека се уште ништо не се знае за тоа кога може да заврши сезоната ширум Европа.

„Многумина кои нудат разни опции забираваат дека тоа се само празни приказни до моментот додека не знаеме кога државите ќе им дозволат на клубовите да продолжат со тренинзите. Дури тогаш можеме да предвидуваме кога ќе се заврши сезоната. До тогаш секој предлог е излишен“, изјави Чеферин.

Чеферон истакна дека УЕФА дури 87% од средствата преку проекти ќе ги вложи во фудбалот за да помогне да се надмине кризата.

„На сите им и јасно дека ништо во светот повеќе нема да биде исто, па така и фудбалот целосно ќе се промени после оваа епидемија“, изјави Чеферин.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Харгривс: Вернер ќе ја грее клупата во Ливерпул

Раководството на Ливерпул веќе подолго време работи на трансферот на напаѓачот на Лајпциг,…